Бислимоски: РКЕ пред една година понуди решение за намалување на ДДВ за струја

од Берта Китинска
152 прегледи

Намалувањето на ддв-то е едно од решенијата што Регулаторна комисија за енергетика го понуди точно пред една година како можност да се заштитат домаќинствата во самиот процес на либерализација на пазарот на електрична енергија, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Нашите тимови кои прават сеопфатни анализи во координација со Енергетската заедница проценија пред една година дека е неопходно да се донесат системски решенија, што освен намалување на ддв ќе опфатат и проширување и зајакнување на подршката на ранливите категории во плаќањето на сметките за електрична / топлинска енергија. Секој потег што нуди решение за заштита на стандардот на домаќинствата во процесот на енергетска транзиција (што значи струја од вода,ветер и сонце наместо од јаглен ) покажува стратешки пристап во решавање на глобалниот предизвик за намалување на штетни емисии и заштита на животната средина.Самиот факт дека во еден момент настана “клинч” меѓу партиите чиј предлог е намалување на ддв- то од 18% на 5% за нас е показател дека политичарите, без разлика дали се пратенци, министри или функционери на партии имаат доблест да слушнат стручни луѓе во областа кои нудат издржани решенија. Регулаторна комисија за енергетика ќе продолжи да ги афирмира и останатите предлог решенија со цел заштита на потрошувачите,” изјава на Бислимоски.

Владата на вчерашната 81-ва седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Според овие предлог измени, данокот на додадена вредност (ДДВ) за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата треба да се намали од 18 на пет отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата да изнесува 10 проценти. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка повторно треба да изнесува 18 отсто.

Слични содржини