Бислимоски: Во јануарските сметки за струја ќе го нема надоместокот од 200 денари

од Nikola Popovski
470 прегледи

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски денеска информираше дека веќе во декемвриските сметки за струја го има надоместокот од 200 денари за мрежарина. Како што рече Бислимоски, јануарските сметки во текот на февруари ќе го немаат тој надоместок, за да се тргнат сите сомнежи дека тоа е екстра давачка или профит за некого.

-РКЕ укажа на Електродистрибуција тоа да го направи. Во јануарските сметки, нема да биде тој надоместок. Понатака до крајот на година, ќе си го има надоместокот од 200 денари. РКЕ го прави ова за да ги убедиме сите дека новиот надоместок нема да биде екстра профит за ниту една компанија. Довербата што треба да се гради меѓу потрошувачите и операторот на дистрибутивниот систем, мораме да ја промовираме и зголемување. Во таа насока, во јануарските сметки што граѓаните ќе ги добијат во февруари, ќе го нема надоместокот од 200 денари, рече Бислимоски на прес-конференција.

Надоместокот, според првиот човек на РКЕ, не го згрешиле од ЕСМ. Додаде дека ова се прави за да бидат сите на чисто и да се зголеми довербата. Не станува збор за грешка, дециден е Бислимоски.

Слични содржини