Бислимоски за цената на струјата: Не верувам во проблематични одлуки по буџетот на домаќинствата

од Nikola Popovski
98 прегледи

„Рано е да се зборува колкава ќе биде цената на струјата по 1 јануари 2025. Тендерите се уште не се завршени, некои од нив не се ни започнати, па во овој момент би било погрешно да се шпекулира кои ќе бидат тоа беа цените, но не верувам дека ќе има некаква проблематична одлука што ќе влијае на буџетот на семејствата“, рече синоќа првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РСЕ) Марко Бислимоски.

Тој нагласи дека РКЕ во моментов ги анализира барањата за цени кои се веќе поднесени од МЕПСО, МЕМО и „Електродистрибуција“ и како што рече, во декември ќе ги достави и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Крајната цена на струјата, објасни Бислимовски, најмногу ќе зависи од понудата што државната компанија за производство на електрична енергија ЕСМ ќе ја понуди на „ЕВН хоум“.

Тој кажа и дека во 2023 година имало рекордно низок процент на увоз на струја од само 2,75 отсто, што според него се должи на изградбата на околу 900 мегавати нови производствени капацитети за енергија од сонце и од ветер.

Сметките за струја на граѓаните сега се поделени во четири тарифи. Тие што трошат повеќе, плаќаат повеќе.

Цената на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок остана иста во споредба со претходната, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок од 1,88 проценти, додека евтината струја се зголеми за 0,65 проценти. Со ова, за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок трошокот за електрична енергија, им се зголеми за 0,4 проценти. За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок трошокот на месечно ниво, им се зголеми за 0,48 проценти и за 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок трошокот им се зголеми за 0,57 проценти.

Слични содржини