Бислимоски: Загубите на водата се над 65%, исто како во фабрика од 100 коли 65 да не се добри

од Берта Китинска

Мора да се најде начин да се помогне на јавните претпријатија за вода и едно од решенијата е да се формира прифатлива цена за електричната енергија што ќе се обезбеди од преговори што ги има владата во моментов – посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на дебатата за решавање на проблемот со сметките за електрична енергија што го имаат јавните комунални претпријатија во организација на АДКОМ.

“Енергијата што ќе се обезбеди од надвор ќе може да се активира „Тето“ и освен топлиска, од таму ќе се произведува и електрична енергија и таа ЕСМ ја даде на јавните претпријатија и дел на стопанството – ова е е едно од решенијата. Потребни се решнија структурни. Затоа што во спротивно би имало барањата за поскапувања од 100 и 200 отсто за вода, а нив бидете сигурни дека РКЕ ќе ги одбие. “ изјави Бислимоски.

Посочи дека мора и јавните комунални поретпријатија да превземат нешто во врска со намалувањето на загубите за вода.

“Загубите на водата се над 60-65% и тоа е неиздржливо. Исто како во фабрика од 100 коли 65 да не се добри, а од другите 35 само од нив да живеете” изјави Бислимоски.

Тој посочи дека мора да се реализраат и инвестиции во водоводната мрежа.

“Ние предлагаме неколку тарифи, па потоа советот на оптштините гласаат. И што покажува праксата: поради евтин популизам сите ја одбираат минималната тарифа. И граѓаните купуваат вода во флаши, кога нема вода. И пак се парите потрошени повеќе, а во мрежата не е инвестирано”. изјави Бислимоски

Слични содржини