Бислимовски: Да ја нагазиме топката и да видиме дали има потреба од зголемување на цената на струјата

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика и да не донесе промена на цената на електрична енергија, само врз основа на ДДВ ќе се зголеми трошокот на граѓаните за електрична енергија. Ќе треба да разгледаме и ние, да ни се даде малку простор и за други покреативни решенија со цел да се избегне ова зголемување на вкупниот трошок на електрична енергија, изјави првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски за евентуално зголемување на цената на струјата од 1-ви јануари.

Тој предупреди дека „треба да се застане и да ја нагазиме топката и да се види дали имаме потреба од зголемување на цена на струја“.

-Кога зборувам за ова, мислам на домаќинствата. Во изминатиот период имавме зголемување и имаше потреба. Самата ЕУ не беше подготвена за овие шокови. Треба да застанеме малку и да видиме каква ќе биде состојбата во 2023 и после тоа да разгледуваме дали воопшто имаме потреба да носиме промена на цена. Не е фер некој што злоупотребил нешто да падне на товарот на домаќинствата. Секој во ваква криза треба да се однесува солидарно. Јас разбирам дека општините имаат повеќекратно зголемени трошоци, ама не чеув ниту еден предлог од јавните комунинални претрпијатија како тие би ја подобриле својата ефикасност за работа, рече Бислимивски во интервју за Тв Телма.

Слични содржини