Бислимовски: Нема да има ценовен шок на струјата, ја одмрзнавме примената на дневната евтина тарифа

од Nikola Popovski

Двојниот мандатот на Претседателот на Бордот на регулатори на Енергетска Заедница и Претседател на РКЕ Марко Бислимоски го заокружува со состанок во Атина, Грција во полн состав на сите регулатори членки на Енергетската заедница како и со присуство на директорот на Енергетска заедница, Артур Лорковски и поранешниот директор Јанез Копач.

„Во исклучително вонредни услови се одвиваше работата на сите енергетски регулатори. Сега кога го заокружувам претседавањето со енергетско експертскиот регулаторен дрим тим можам да кажам дека регулаторната маса на која седат сите клучни луѓе во енергетската регулативата создаде креативни решенија како да обезбедиме сигурна, стабилна испорака на енергенси, и да го заштитиме стандардот на граѓаните без ценовни шокови во време на пандемија, енергетска криза и војни. Покажавме дека регулативата што ја креира Европа а се применува кај земјите членки на Енергетската Заедница дава можност за решение, а не е изговор за енергетските проблем. Северна Македонија беше и остана во овој турбулентен период инспирација за останатите земји членки. Механизмите што ги применивме беа повеќеслојни : од воведувањето на блок тарифите кои ја остварија целта оние кои трошат помалку да плаќаат помалку, потоа Елдорадото на фотоволтаци и инвестициите во сите обновливи извори како главен столб во директниот одговор на енергетската криза. Димензионирани временски мерки за намалување на ДДВ за струја и парно за заштита на стандардот на граѓаните, како и зголеменото производство, намалениот увоз и секако силната финансиска поддршка преку субвенции за сметките за струја и парно се само дел од механизмите преку кој ја задржавме стабилна цената. Денес можеме да се пофалиме дека ја одмрзнавме примената на дневната евтина тарифа и сега е достапна за домаќинствата во интервал од 13 до 15 часот“, истакнал Бислимоски.

Тој потенцирал дека како Регулаторна нема да дозволат никаков ценовен шок на електричната енергија. Најновата цена треба да биде соопштена во текот на следната недела.

Бислимовски објаснува дека компаниите побарале 27 отсто зголемување на цената, но тој истакнува дека „апсолутно нема да го добијат тоа“.

Тој е избран во двоен последователен мандат од две односно вкупно четири години како прв човек на Бордот на регулатори на Енергетска заедница.

Слични содржини