Нема недостаток од струја, туку се продава по повисока цена, смета првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во емисијата „Економски магазин“.
Според него, оваа криза е пред сѐ ценовна криза, затоа што дојде до нагло растење на цените на електричната енергија, пред сѐ во земјите членки на ЕУ и понатаму се прошири и во нашиот регион.
„Она што најодговорно го кажувам е дека сите механизми коишто ѝ стојат на располагање на Регулаторната комисија за енергетика ќе бидат искористени. Факт е дека ни престои тешка и кризна година, каде што има надворешни фактори коишто влијаат на цената на електрична енергија и според мене, сите тие чинители и оператори на системи и производители и снабдувачи и потрошувачи заеднички треба да го понесат тој товар“, вели Бислимовски.