Бислимовски: Ново поевтинување на горивата, ја намаливме цената за 30 денари во последните недели

од Nikola Popovski

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски денеска информираше дека продолжуват трендот на пад на цената на горивата.

-Во последните две-три недели, пред се заради паѓање на цената на нафтените деривати на светските берзи, како и поради намалување на курсот на доларот, РКЕ ја намали цената на горивата за повеќе од 30 денари. И денеска ќе има намалување на дизелот за 1,5 денар по литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 исто за 1,5 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за еден денар. Секогаш повикуваме да се верува на институциите. Нашите одлуки се базирани на методологии. Очекувам тие што ме ставија на билборди јавно да се извинат и да престанат со неосновани напади врз РКЕ, рече денеска Бислимовски на прес-конференција.

Тој очекува да продолжи трендот на опаѓање.

-Сето тоа што се случува на светските берзи, го рефлектираме на нашите одлуки. Да се надеваме дека трендот ќе продолжи и ќе се одржат овие цени. Ние не измислуваме цени и работиме под стриктно утврдени методологии, истакна Бислимовски.

Слични содржини