Бислимовски: Општините да инвестираат во фотоволтаици наместо да ја зголемуваат цената на струјата

од Nikola Popovski
196 прегледи

„Македонските компании кои задолжително набавуваат струја од слободниот пазар не прават малверзации како општините. Најголем дел од нив инвестираат и поставуваат фотоволтаици и намалуваат трошоци. Зошто општините не ги искористат крововите на училиштата, градинките и установите за тоа?“ запраша претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека не може да има различен третман за компаниите и општините и дека не е фер што општините дополнителното трошење на електрична енергија сакаат да го стават во регулираниот пазар, со што на крај сметката ќе ја платат граѓаните.

Бислимовски соопшти дека потрошувачката на јавното осветлување во земјата е околу 90 милиони киловат часови, од кои само околу 2 милиони досега биле на регулиран пазар. Како што кажа тој, сега сите 90 милиони ќе бидат на регулиран пазар, со што се предизвикува трошок од околу 30 милиони евра.

„Треба да кажеме отворено дека овас треба да престане. Во тие општини живеат граѓани, кои со овој потег на општините ќе имаат повисоки цени на електрична енергија“ рече Бислимовски.

Слични содржини