Бислимовски повика граѓаните да покажат трпение: „Очекувано е во првите денови да има проблеми со пуштањето на топлинска енергија“

од Nikola Popovski
301 прегледи

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски денеска информира дека дадени се лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија на „ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје“, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија на „ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје“ и лиценца за снабдување со топлинска енергија на „ЕСМ снабдување со топлина“.

-Лиценцата за производство е издадена до 30 април 2023 година, лиценцата за дистрибуција е издадена на период од 35 години и лиценцата за снабдување со енергија е издадена на максималниот рок од 10 години. Водевме постапки кои се максимално кристално чисти. Вчера ги добивме последните документи кои ги баравме, обелодени денеска првиот регулатор на прес-конференција.

Бислимовски потенцира дека грејната сезона ќе започне со добра екипираност и дека се очекува во првите денови од пуштањето на топлината, вообичаено е да има одредени проблеми.

-Ги повикувам граѓаните да покажат трпение. Најголем проблем при неиспорака во првите денови е исклучување од струја на потстаниците во зградите поради неплаќање на сметки. Се што треба да преземе, ЕСМ ќе преземе, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и топлината да стигне во секој стан на град Скопје, рече претседателот на РКЕ.

Слични содржини