Бислимовски: Прерано е да се зборува за новата цена на струјата

од Nikola Popovski
545 прегледи

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски порачува дека е прерано да се зборува за поскапување на цената на електричната енергија.

-Нема потреба од паника. Ние ќе направиме се што е во наша надлежност за да избегнеме ценовни шокови и како РKE ќе ги замрзнеме профитите. Факт е дека доколку набавните трошоци за загуби на електрична енергија и кај МЕПСО и Електродистрибуција се енормно високи и доколку ЕВН Хоум прави увоз на струја, тогаш РКЕ ја разгледува опцијата за намалување или укинување на профитите на компаниите, кои што ги регулира, вели тој во емисијата „Топ тема“.

На прашањето дали чувствува одговорност за енергетската криза во земјава, Бислимовски потенцира дека РКЕ направила се што може врз основа на законските надлежности.

-Дали можела подобро се разбира дека да. РКЕ повеќе од една година организираше заеднички состаноци со сите електро-енергетски компании. Ние воглавно одлично ја знаеме состојбата во основа. Во кризата сите мораме да се однесуваме солидарно и компаниите и РКЕ и потрошувачите, бидејќи на крајот сите ќе бидеме или победници или сите ќе изгубиме, смета Бислимовски.

Слични содржини