Бислимовски: РКЕ да ја одредува и цената на вода, поскапувањето би било 10 до 15 денари

од Nikola Popovski
285 прегледи

„И во овој момент Регулаторната комисија за енергетика ги определува водните тарифи за соодветните дејности, но РКЕ има ингеренција единствено да даде минимална и максимална цена, односно тарифа, којашто понатака во рамките на оваа минимална и максимална тарифа ги потврдува советот на општината“, вели директорот на РКЕ, Марко Бислимовски во интервју за РСЕ, наведувајќи дека Регулаторна бара да ја одредува и цената на водата.

Според него, поскапувањето би било меѓу 10 до 15 денари за месечно ниво.

„Не може никој да ме убеди дека едно домаќинство е побогато или посиромашно за 10 до 15 денари зголемен трошок за вода на месечно ниво. Ние немаме никаков притисок во тој дел, а членови на Советот се од различни политички партии и мнозинството секогаш се труди да донесе условно кажано популарна одлука. Но знаете дека во изминатиот период има доста општини каде што има прекин во водоснабдувањето. Во тој период секое домаќинство сигурно ќе си купи флаша вода од продавница. Едно шише вода не е под 15 денари, е толку е заштедата што ја кажуваат“, изјавил Бислимовски.

Слични содржини