Бислимовски: Сите приказни за енормно поскапување на струјата се покажаа како неточни

од Nikola Popovski

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски информираше дека сите приказни кои што ги имавме минатиот период во јавноста за енормно зголемување на цената на струјата, повторно се покажаа како неточни, исто како и изминатите години.

-Ве повикувам да ѝ верувате на оваа институција затоа што никогаш не ги изневерила интересите на граѓаните и секогаш наоѓа решенија за да го одржи стандардот на граѓаните, рече Бислимовски на денешната прес-конференција на која соопшти дека цената на струјата се намалува за првиот тарифен блок.

Потрошувачката во првиот и вториот тарифен блок е од околу 80% од вкупниот број на домаќинства.

Сметките за струја од 1-ви јануари за едни пониски, за други повисоки. Регулаторна соопшти дека за 5,16 проценти ќе поевтини електричната енергија во првиот блок, во вториот и евтината дневна тарифа останува иста. Раст на цената ќе има кај третиот блок за 2, 88 процени, односно, 1,86 проценти во четвртиот.

Според Бислимовски, најголем дел од домаќинствата веќе имаат евтина тарифа на струја, односно дека кај 80% од домаќинствата се сменети броилата и има повеќе отчитувачки групи.

Слични содржини