Бислимовски: Училишта „се лепат“ на кујни и плаќаат струја по цена за домаќинства

од Nikola Popovski
271 прегледи

Се дигна непотреба фама околу ова прашање. Во декември вкупните потреби на регулираниот пазар на струја изнесуваа 3 милијарди и 413 милиони киловат часови. Сега ЕВН хоум потребите изнесуваат 3 милијарди 946 милиони. Се зачудив од оваа бројка. Значи 533 милиони киловат часови се зголемува во 2022 година потребата на регулараниот пазар на електрична енергија, информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој истакна дека ќе ни требаат екстра пари да предвидиме.

-Цената на ЕСМ по која обезбедува е 41 евро за мегават час. Остануваат 333 милиони часови да се обезбедат на слободниот пазар и тие ќе имаат екстремно висока цена. Вкупно непланирани 105 милиони евра и во нив учествуваат општини во вредност приближно 30 милиони евра. Не навлегував кој од која партија е градоначалник. Има и компании кои прават товар на цената. Тоа е тотално непотребен трошок. Според мене, во делот тоа што го прават општините, треба да кажат правниците, додаде Бислимовски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

-Во законот за комунални такси пишува дека давачката за јавно осветлување е на ниво на данок. Таа е за домаќинство и си има начин на пресметка. Така е дојден до трошокот. Дали е морално од октомври-ноември сите македонски компании на слободниот пазар се соочуваат со реално зголемени трошоци за набавка на електрична енергија. На 90 посто од нив не им текна да прават вакви финти. Зборував за компании и општини кои потпишуваа фиктивни договори, потенцира директорот на РКЕ.

Бислимовски обелодени дека има кујни во одредени училишта кои што согласно тарифен систем имаат цена за домаќинства.

-Има и училишта што се лепат на тие кујни и плаќаат по цена за домаќинства. Тоа ни прави проблем. Не можеме да се однесуваме неодговорно и дека за себе си штедиме, ама за домаќинствата ќе идеме кај Баба Рогата во РКЕ, тие се лошите, ние не знаеме што правиме. Ако е криза, за сите е криза, се произнесе Бислимовски.

Слични содржини