Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски е дециден дека граѓаните од првиот тарифен блок не плаќаат поскапа електрична енергија.
-Од 1. јануари има друга цена на струја и во првиот блок е поевтина за 4%, а во вториот за 3%. Со цел граѓаните да ги искористат тоа право на пониска цена во прв и втор блок, сметките се поделени до 31.12. 2022 е една цена во прв и втор блок, а од 01.01 е друга цена, што е пониска. Просечна дневна потрошувачка за првиот блок е од 7 киловат часови, а од втор и трет блок е за 14 киловат часови. Доколку периодот на отчитување од 1. јануари бил до 10 јануари – првиот блок е 70 киловат часови, вториот блок е од 70 до 210, а третиот блок е од 210 до 350 киловат часови, рече денеска Бислимовски.
Тој соопшти дека бројот на поплаките од граѓаните е некаде околу 73, а во државата има 600 илјади домаќинства.
-За да има отчитување на домаќинствата, мора да се излезе на терен и да се прочита броилото. Нема друг начин. Доколку се постави далечинско отчитување, би ги зголемило трошоците за Интернет врска, потенцира Бислимовски.