Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во интервју за Слободен печат изрази уверување на на први јуни оваа година, РКЕ во рамките на своите надлежности нема да дозволи поскапување на електричнагта енергија.
„Во делот којшто го регулиура односно за цена за пренос на електрична енергија, цена за диструбицја и цена на оператор на пазар, одговорно тврдам дека ќе нема никава промена за тоа што ние кажуваме и ние регулираме. На другите работи не можеме да влијааме, но можам да ветам дека таму каде ние регулираме, ќе нема никаква промена“, рече Бислимовски.
Бислимовски објасни и зошто одредени домаќинства месецов добиле повисоки сметки за електрична енергија и повика, граѓаните да поднесат приговори, по што сметките би им биле коригирани.
„Бидејќи не може операторот на диструбивниот систем сите броила одеднаш на 31ви да ги оттича, направена е проценка. Кај поприличен број на домаќинства, таа проценка е погрешна, односно не е толкава потрошувачката и поради тоа има зголемени трошоци за електрична енергија, не поради цената, туку поради количината. Има жалби кај нас и 90% од тие жалби ние ги прифааме и го тераме операторот на дистрибитиувниот систем, да најде начин да ја стави реалната состојба, бидејќи се гледа дека е ставена некоја состојба на броилото која и по пет до десет дена по издвање на фактурата, домаќинството се уште не ја достигнало. Така што граѓаните кои се незадоволни можат да поднесат барање до РКЕ, но мора преку ЕВН, затоа што тоа е управна постапка и доколку ги исполнуваат тие услови, ќе биде намалена нивната сметка“, посочи Бислимовски.