Бислимовски за критиките од опозицијата: Си прават мечкина услуга, РКЕ е независно тело признаено од Европа

од Nikola Popovski
243 прегледи

Тоа што опозицијата ме обвинува дека сум продолжена рака на власта е дневна политика. Таа си кажува што смета да каже. Јас никогаш не сум го бранел намаленото производство на електрична енергија и бев еден од првите што ја отвори темата. Работам во РКЕ од 2004 година. Напредував во својата кариера и одев чекор по чекор. Опозицијата си прави мечкина услуга, имајќи во предвид дека и оваа опозиција еден ден ќе дојде на власт. Нема потреба да се однесува вака кон мене и РКЕ, имајќи во предвид дека најбитната европската институција за регулаторни тела кажа дека РКЕ е апсолутно независно регулаторно тело, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

Бислимовски објаснува дека како земја се соочуваме со проблеми на обезбеднување струја од домашно производство.

-Во рамки на 30 години, треба да си бидеме отворени и да кажеме што направила државата преку ЕСМ како нови производни капацитети. Направена е електраната „Козјак“ од 80 мегавати, направена е „Света Петка“ од 36 мегавати и направена е ветерната електрана во Богданци од 37 мегавати и сега се направи еден фотоволтаик од 10 мегавати. Главниот проблем е што имаме проблеми со производството на термоелектраните. Сите живееме на стара слава од 80-тите години, кога се златните времиња на енергетиката во Македонија, рече Бислимовски, гостувајќи во емисијата „Само интервју“.

Слични содржини