Бислимовски: Зголемувањето на потрошувачка на струја се должи и на копањето биткоини

од Nikola Popovski
655 прегледи

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски утрово информира дека зголемената потрошувачка на електрична енергија во земјава се должи и на копањето биткоини.

-Особено во делови на Скопје. Покрај тоа, имаме и нелегално превземање на струја. Од податоците што располагаме, електродистрибуција веќе има фатено поголем број потрошувачи и домаќинства кои копаат и нелегално се приклучуваат на јавното осветлување, вели Бислимовски за емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, секое домаќинство е лимитирано да повлече електрична енергија до одредена количина.

-Осигурувачите дозволуваат одредена сила на енергија да се повлече од системот. Тие ги менуваат и неразбираат дека тоа е проблем. Можемда прегори инсталацијата и да дојде до пожар. Доколку се прави по легален пат и се пријави, би немале проблеми. Дивото приклучување може да се одрази на тие кои одговорно си плаќаат и не злоупотребуваат, потенцира Бислимовски.

Слични содржини