Битиќи: Енергетската ефикасност не е само прашање на еколошка одговорност, туку и прашање на економска и социјална одговорност

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Со мали промени можеме да заштедиме енергија, финансии и да не ја загадуваме животната средина. Тоа е можно ако се грижиме за топлинската изолација во домовите, фабриките и институциите, ако користиме штедливи светилки, ако продолжиме уште повеќе да ги користиме обновливите извори енергија, пишува вицепремиерот Фатмир Битиќи на својот Фејсбук профил.

Енергетската ефикасност не е само прашање на еколошка одговорност, туку и прашање на економска и социјална одговорност.

Денес на Светскиот ден на енергетска ефикасност повикувам сите да бидеме повнимателни и погрижливи кон трошењето енергија во нашите средини.

Слични содржини