Битиќи најави увоз на работници од странство

од Nikola Popovski
110 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи најавува увоз на работна сила во земјава од странски земји, првично од регионот.

-Да, фокусот првично е кон Западен Балкан, но ние системски размислуваме за решение на потребите. Во делот на „Отворен Балкан” првиот чекор е веќе направен. Останува деновиве во Собрание да се ратификува и законското решение за единствен идентификациски број, односно единствен матичен број кој би овозможил за работниците од регионот на овие три држави, Србија, Албанија и Северна Македонија, да се пријавуваат во Агенција за вработување како домашен граѓанин, да добијат работна дозвола и да дојдат да работат тука, изјавил Битиќи во интервју за ДВ.

Тој не ја исклучил можноста и за увоз на работници од Кина, ако има потреба и општа согласност.

Слични содржини