Битиќи: 2023 година ќе заврши со околу 7 – 8 отсто инфлација

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во емисијата „Интервју во ШЕЊА“ рече дека едномесечната инфлација била 19,8 отсто, но она што е добро е што трендот по октомври е дека имаме пад, а проекциите се дека 2023 година ќе заврши околу 7 -8% инфлација.

„Она што требаше да се направи и можеше да се направи, мислам дека го направивме. И од аспект на монетарните политики и од аспект на фискалните политики. Мислам дека не задоцни реакцијата на Народна банка“, рече Битиќи.

Битиќи рече дека ако е популистичка политика да им се помогне на граѓаните и да бидат солидарни, тие ќе продолжат да го прават тоа.

„Не, со умерени политики кои ќе ја намалат инфлацијата и кои ќе доведат до запирање на инфлацијата и потоа развој на економијата“, рече Битиќи.

Слични содржини