149
Со мали промени можеме да заштедиме енергија, финансии и да не ја загадуваме животната средина. Тоа е можно ако се грижиме за топлинската изолација во домовите, фабриките и институциите, ако користиме штедливи светилки, ако продолжиме уште повеќе да ги користиме обновливите извори енергија, пишува вицепремиерот Фатмир Битиќи на својот Фејсбук профил.
Енергетската ефикасност не е само прашање на еколошка одговорност, туку и прашање на економска и социјална одговорност.
Денес на Светскиот ден на енергетска ефикасност повикувам сите да бидеме повнимателни и погрижливи кон трошењето енергија во нашите средини.