Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи го повтори ставот на Владата во однос на проблемот меѓу Град Скопје и приватните превозници.
-Ние во суштина комуницираме и сме склони да зборуваме со сите чинители во општеството, но навистина јавниот превоз е во ингеренции на Градот. Ние правиме се за да општините имаат доволно финансиски средства, токму за да испорачаат соодветни услуги кон граѓаните. Сметам дека Град Скопје треба да се одважи и конечно да се седне за да го решат проблемот. Доколку тоа не е возможно, Владата докажа дека е тука за граѓаните. Ако влеземе во преговори, но дали тоа ќе значи и одземање на ингеренции на Градот и влегување во суштински промени, не знам? Вакво однесување на надлежните е на штета на целокупното функционирање на системот, рече Битиќи како одговор на новинарско прашање.
Тој додаде дека одземање на ингеренциите на градските власти би било враќање 20 години назад во процесот на децентрализација.
-Градот си има свои аргументи зошто смета дека се уценувани и изманипулирани, превозниците си имаат свои. Сметам дека нема проблем кој што нема решение, само треба две разумни страни, кажа Битиќи.