Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи порачува дека со замрзната цена на производите, трговците и производителите не одат во загуба, туку имаат намалена добивка.
-Тоа во економијата го викаме „opportune“ добивка, затоа што ти планираш и викаш годинава од икс единици ќе добијам толку добивка. Не ги тераме да прават загуби. На крајот на денот дискусијата ќе ја постават граѓаните и легититмно е- кога субвенциониравме електрична енергија, а кажуваа дека струјата е главниот фактор, зошто тогаш не кажуваа дали ги зголемуваат добивките или што се случува, како им помагаме. Добиваа понизок енергенс. Исходот е дека ги зголемуваа добивките и цените ги зголемија многу повеќе отколку реално имаше потреба, рече Битиќи во гостувањето на „Студио 10“.
Тој е длабоко уверен и верува дека не треба Владата да ги казнува, „туку самите клиенти ги казнуваат производителите и трговците кои што се однесуваат несоодветно“.