449
„Како дел од шестиот пакет економски мерки предвидени се бесплатни 50.000 ПЦР-тестови за странските туристи кои ќе престојуваат во земјава“, изјави на прес-конференција заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, презентирајќи го шестиот пакет економски мерки, наменет за стопанството.
Тој соопшти дека ова се спроведува во очекување на престојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност.
„Бесплатни 50 илјади ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во нашата држава“, извести Битиќи.