Битиќи: БЕГ мора да испорачува топлинска енергија, се додека не се избере нов оператор

од Берта Китинска
236 прегледи

Се додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со почетокот на грејната сезона во главниот град.

Согласно законот, како што посочи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија.

Во однос на топланите Исток и Запад, кои се во сопственост на „Адора инженеринг“, според која закупот како опција без јасна интенција за купопродажба на топланите не е прифатлив, вицепремиерот со став дека процесите мора да бидат согласно законот и дека закупот е легитимна алатка.

Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, но ќе се склучи според законите. Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави Битиќи.

Слични содржини