Битиќи до Мицкоски: Видовме како опозицијата ја води државата

од Берта Китинска
218 прегледи

Откако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ја нападна власта дека не знае да се справи со економската криза, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи му одговори:

„Претходните денови еден новинар ме праша: „Мицкоски предлага пензиите да се покачат минимум 20%“. Јас кажав дека ако така се води економија, ќе предложам 50% покачување. Но, ова не е пазар, ниту трговија. Јас не сакам да слушам што кажува опозицијата. Таа докажа како се води држава. Вчера имавме состанок во владата со сите економски чинители, само од опозицијата немаше.Имаат нелогични барања. Замислете, бараат 50% намалување на акцизата. Не знаат како тоа функционира. Акцизата беше три денари, и таа е тргната“, изјави Битиќи во „Клик Плус“.

Слични содржини