Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи попладнево реагираше на навредите, викањата и свирењето со вувузели во Собранието од страна на пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
-Веројатно залудно е да се очекува демократска дискусија и почитување на институционалните процедури од оние кои 12 години од внатре го рушеа и срушија системот. Ваков шум правеа 12 години и продолжуваат да го прават, со мачоистичко лупање во гради без план и идеја за иднината, истакна Битиќи.
Според него, целта на пратениците од опозицијата е „да го заглушат разумот а со тоа и можноста да се слушне вистината“.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги исвиркуваа со свирки и вувузели сите пратеници од СДСМ кои што денеска говореа на седницата во Собранието. Единствен што не беше исвиркан беше пратеникот од ДС, Павле Трајанов.