Битиќи е подготвен за средба со угостителите: Јас немам доблест и храброст да одам против препораките на Комисијата за заразни болести

од Nikola Popovski
203 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денес на прес-конференција изјави дека е отворен за средби со угостителите, со цел да се изнајде решение.

„Мислам дека  решенијата се веќе изнајдени само треба соодветно да ги искомуницираме. Во овој момент битно е дали и колку ќе излеземе помалку погодени од кризата, а не дали сме погодени. Сите сме погодени од кризата, некој е погоден здравствено, а некој економски, но на крај од кризата ќе треба сите заедно да седнеме и да видиме како да заздравиме од кризата. Затоа сум отворен да седнам да разговарам со секој еден кој смета дека има потреба за разговор“, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата на која беше презентиран Националниот геопортал за просторни податоци.

Според него, во ниедна мерка која е донесена, угостителите не се исклучени, но тој нема доблест и храброст да оди против препораките на Комисијата за заразни болести.

„Сите треба да прифатиме дека секој треба на професионален начин да ја одработи својата задача. Треба да ја слушаме Комисијата и да и веруваме дека е најдобро за здравјето на граѓаните кога ќе укаже дека не е дојдено времето за олеснителни околности за работа, потенцира Битиќи, прецизирајќи дека угостителите за организирање свадби и други свечености не се ставени во ист кош со другите угостители.

Слични содржини