Битиќи: ЕК го пофали моделот за намалување на акцизите

од Nikola Popovski
231 прегледи

Со денешните мерки и модел сакаме да спроведеме одржување на животниот стандард и поддршка на компаниите и да продолжат со инвестициите. Намалувањето на акцизата го правиме како модел кој сметаме дека е одржлив. Многу е лесно да кажеме во моментов да ги намалиме за 50 или 60 акцизите, но кои се акцизите, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема“.

Според него, намалувањето на ДДВ-то и акцизите на горивата влегува во Собранието по скратена постапка.

-Денес Европската комисија кажа дека моделот што сме го предложле е одличен. Тие го пофалија и мене тоа ми е релеватно, затоа што се стремиме кон развојниот свет и нудиме одржливи модели. Гарантираме дека вој модел ќе осигура намалување на цените цело време, кажа Битиќи.

-И денес кога се објавија мерките, имаме доволно информации. Направивме општество во кое сакаме граѓаните да ги оптовариме со информации. И децата во јавно училиште зборуваат за јавниот долг. Со ваквиот сет на мерки испраќаме порака дека Владата е овде и се грижи за граѓаните, додаде вицепремиерот.

 

Слични содржини