304
Предлог-законот со кој ќе се воведе еколошка такса на горивата се носи по скратена постапка поради Парискиот договор за климатски промени изјави Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, во емисијата „25 минути“ на ТВ 24.
– Мислам дека се уште не е дефинирано дали ќе оди со европско знаменце, тоа ќе видат правниците и ние тоа го прифаќаме дека така треба да биде. Меѓутоа ние сме меѓу оние земји кои треба да имаат дадено национален придонес кон Парискиот договор и затоа мислам дека не треба да се отстрани европското знаме од законот, рече Битиќи.