Битиќи: Го етаблиравме ФИТР како дом за секој храбар, млад човек со конкретна идеја

од Vladimir Zorba

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на презентацијата на 84 старт-ап компании, што ќе добијат финансиска поддршка од ФИТР на јавниот повик „Стартапувај 2“ изјави дека во изминатите три години, покажале како треба и како се поддржуваат луѓето кои имаат добри идеи.

– Го етаблиравме Фондот за иновации како дом за секој храбар, млад човек со конкретна идеја. Во портфолиото на Фондот, само во овие 3 години, заедно со овие кои денес ги објавуваме, поддржани се или ќе се поддржат повеќе од 500 домашни компании, во најголемиот дел станува збор за микро и мали фирми, што е навистина неспоредливо со периодот пред 2017 година, кога беа поддржани само 30-ина компании. Притоа, ова се компании кои ќе реализираат проекти во вредност од 73 милиони евра, вкупен обем на инвестиции, и влог на компаниите и поддршка од ФИТР”, рече во своето обраќање вицепремиерот.

Инаку, стартап компаниите избрани на овој повик ќе работат на проекти во 15 различни области, меѓу кои и во медицина, градежништво, земјоделие и ИТ технологии. Во најголем дел се микро (75) и мали (9) компании. Со реализација на инвестициските проекти, ќе се отворат нови добро платени работни места за млади луѓе, односно овие компании кои моментално вработуваат 280 лица, ќе вработат дополнителни 246 луѓе со просечна плата речиси 600 евра.

Вкупно 235 компании аплицирале во рамките на јавниот повик „Стартапувај 2″, 203 ја поминале фазата на административна проверка, а 181 продолжиле во фазата на финална селекција.

loading...

Слични содржини