Границите лесно се поставуваат, но нивното отстранување е тежок процес. Требаше година дена да се постават границите, а 30 години да се отстранат бариерите за слободна трговија, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на одговор на прашање во пресрет на утрешниот економски форум во Скопје.
-И со Берлинскиот процес и со иницијативата за заеднички и регионален пазар, ние докажавме како земја дека сме еден од клучните чинители во овозможувањето на тој заеднички регионален пазар. На утрешниот економски форум ќе се потпишат неколку договори и ќе почне практичното имплементирање за мобилност на луѓето и стоките и услугите, информира Битиќи.
Според него, утре е почетокот на имплементација на тоа што се зборува неколку години, се во склоп на Берлинскиот процес и заедничката агенда.