276
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј, ќе потпишат меморандум за соработка за проект за воведување на Централна единица за следење на инфраструктурни/инвестициски проекти, по што ќе следи прес конференција.
На настанот ќе присуствува и раководителката на Канцеларијата за проектни услуги на Организацијата на Обединети Нации во Северна Македонија, Микела Телатин.