Битиќи: Инвестиравме во 94 инфраструктурни проекти во земјава

од Nikola Popovski

Инвестираме во нови водоводни мрежи, канализациони мрежи, во изградба и рехабилитација на улици и локални патишта, реконструкција на општи болници, училишта, нови мостови… вложуваме во проекти според реалните потреби на граѓаните, стои во објавата на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Според него, инвестирано е во 94 инфраструктурни проекти во целата земја, во вредност од 49,7 милиони евра.

-Се грижиме за рамномерен економски развој и обезбедување достоинствен живот за секој граѓанин. Никогаш вака не се вложувало во општините!, потенцира Битиќи.

Слични содржини