Битиќи: Ќе има доволно електрична енергија за цела грејна сезона, нема да има рестрикции

од Берта Китинска

„Ние имаме калкулации и го знаеме енергетскиот биланс. Знаеме колку електрична енергија е потребно да се произведе и искористи за регулираниот пазар. Со растот на производството во спроедба со лани, уверени сме дека ќе имаме доволно електрична енергија за цела грејна сезона, до пролет, доколку не се случи хаварија“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека минатата година бил врвот во последиците од недоговорното однесување со енергетскиот сектор години наназад, кога не се планирало што и какви инвестиции се потребни.

„Донесовме одлука за нов ископ, како и одлука за набавки доколку немаме доволно висококалоричен јаглен од нашиот ископ. Ги ставивме во функција и ТЕЦ Неготино, по 12 години, како и РЕК Осломеј“ кажа Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека поради слабите врнежи последните три години производството на електрична енергија од хидроакумулациите не ни оди во прилог и е на пониско ниво.

Слични содржини