И пред 18 месеци, пред да се формира новата влада, реков дека ако мандатарот смета оти јас сум доволно спремен да одговорам на задачите секогаш сум подготвен да бидам дел од владата, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Оставам на новиот мандатар да процени дали во неговиот мандат со новата програма мојот профил најдобро ќе се вклопи.Во изминатите 15 месеци докажав дека одговорно треба да се постапува кон потребите на граѓаните и кон тоа што тие го очекуваат,кажа Битиќи.