Битиќи: Министрите од новата Влада се чесни, вредни и професионални

од Nikola Popovski
267 прегледи

Сакам граѓаните да знаат дека моите колеги, кои ќе ја имаат честа и одговорноста да им служат до крајот на овој мандат, се чесни, вредни, посветени и професионални и се надевам дека сите ќе ја потврдиме и оправдаме шансата која ни е дадена да ја водиме државата во следните две години, вака вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи ги прокоментира предлозите на мандатарот Димитар Ковачевски за новата Влада.

Според него, Ковачевски синоќа презентирал само дел од програмата на новиот состав на Владата која е со силна економска агенда.

-Програма, која ќе се реализира преку мерки кои ќе донесат развојна домашна економија која ќе се базира на ефикасност и ефективност, дигитализација не само на услугите туку и на процесите во изведувањето, како и економија која ќе е предвидлива. Во следните години мораме и ќе работиме на економија која е – умерена и бестрашна истовремено. Економија која се развива во безбедна средина која гарантира стабилни основи но и економија која е развојна, која се базира на истражување и развој, иновативност и креативност, напиша Битиќи, додавајќи дека неговата позицијата во Владата останува непроменета.

-Заедно ја градиме нашата држава, во држава за сите!, потенцира Битиќи.

Ковачевски синоќа ги соопшти имињата и ресорите кои ќе ги води партијата.

Покрај Битиќи, се работи за Славица Грковска, вицепремиер за антикорупција, Бојан Маричиќ, вицепремиер за евроинтеграци, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Никола Тупанчевски, министер за правда, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, Јована Тренчевска, министер за труд и социјала, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Слични содржини