251
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска посочи дека воведените рестриктивни мерки се привремени и доколку е потребно ќе се донесат нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните.
-Доколку е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните заради воведувањето на последните рестриктивни мерки за посета на угостителските објекти и затворените трговските центри. Како секогаш ги пратиме донесените рестриктивни мерки и доколку заеднички одлучиме дека финансиските импликации се толку големи што бараат одредена поддршка ќе седнеме и ќе разговараме. Секако мерките ќе бидат за тие кои се најмногу погодени, рече Битиќи.