Битиќи објасни колкава помош ќе добијат угостителските објекти кои беа затворени овој месец

од Nikola Popovski
434 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи објасни колкава помош ќе земат угостителските објекти со шестиот пакет економски мерки.

„Ако еден угостителски објект има на пример, 100.000 денари приходи во просек на еден месец, просекот за тие што се затворени се зема од 2019 и 2020година. Ние можеме да компензираме 30 % од просечниот приход, но притоа затоа што тие се затворени само 21 ден во овој месец се пресметува 30 проценти од деновите, кога се затворени. Од тие 30% од 100.000 денари треба да бидат 30.000 денари, но затоа што тој бил затворен само 75 проценти од времето во цел месец, ќе добие 75 проценти од 30.000 денари, односно 21.500 денари. За угостителските објекти, кои беа затворени подолг временски период, просекот се зема само од 2019 година и тие исто така добиваат 30 проценти плус бројот на вработени кои што ги имале во 2020 година. Таквите објекти ќе земат само за еден месец, затоа што велиме дека е еднократна помош“, изјави Битиќи.

Слични содржини