Битиќи од Царовска ја презеде функцијата претседател на Влада задолжен за економски прашања

од Aleksandar Petrovski
126 прегледи

Фатмир Битиќи денеска ја презеде функцијата претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори од досегашната вицепремиерка Мила Царовска. Тој најави продолжување на заложбите на Владата во нова развојна економија која пред се ќе носи стабилност и предвидливост, иновативност и шанса за секој граѓанин.

Како што соопштија од Кабинетот на ЗПВРСМ за економски прашања, на примопредавањето Царовска и Битиќи разговарале за досега сработеното и за идните предизвици поврзани со економскиот раст и развој на државата.

Во срдечна атмосфера обајцата си посакале многу успех во претстојниот мандат, ефикасно справување со предизвиците и квалитетна соработкаимајќи ја повисоката цел в предвид, а тоа е држава со која сите ќе се гордееме.

Царовска, која од денеска ја презима функцијата министерка за образование и наука, му посакала успех на Битиќи на новата должност. Таа посочила дека очекува добра соработка во рамки на новата Влада и оти ќе се продолжи со создавање и имплементација на успешни политики и преку реформски процеси да се движи земјата напред.

На позицијата вицепремиер за економски прашања Битиќи доаѓа откако во минатиот мандат ја извршуваше должноста посебен советник на премиерот Зоран Заев.