Битиќи: Одлуката за полициски час е донесена за да не дојде до други рестрикции

од Берта Китинска
413 прегледи

Одлуката за полицискиот час е донесена да се справиме со една клучна работа, а тоа е здравјето, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Оваа одлука дојде по поголемото искуство изминатиов период. Направивме економските оператори непречено да функционираат затоа беше одлучено само да има рестрикции во движењето на граѓаните. Во оваа битка со непознатиот непријател едно е  најважно, а тоа е нашето здравје сето друго дали се економски последици, изгубени работни места може да се надомести, сите заедно ќе креираме мерки со кои ќе помогнеме .Оваа одлука е донесен за две недели се надевам дека нема да треба да се носат некои нови мерки. Во Црна Гора се донесени поригорозни мерки поради зголемениот број на заболени, јас укажувам дека ова го правиме за да не дојде до други рестрикции, вели  Битиќи.