Битиќи: Пензискиот фонд е стабилен, наскоро ќе има поголем раст на пензиите

од Nikola Popovski
274 прегледи

Со усогласувањето што оди од јануари, сите пензионери добиваат зголемени пензии за 2,98%, што укажува на стабилноста на Фондот за пензиско осигурување, истакна потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Тој додаде дека се прават последните калкулации и наскоро може да се очекува раст на пензиите.

Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде едно од поголемите што се случило изминатите години, нагласи Битиќи.

Тој истакна дека до крајот на до крајот на мандатот на оваа Влада ќе биде воведена минимална пензија, за да се извлече одредена категорија пензионери над прагот на добивање пензија што не е достоинствена.

Слични содржини