Битиќи: Платите во јавниот сектор ќе го следат покачувањето на минималната плата согласно законот за минимална плата!

од Берта Китинска
273 прегледи

Платите во јавниот сектор ќе го следат покачувањето на минималната плата согласно членот 8 од законот за минимална плата.Преговорите треба да продолжат и треба уште еднаш да покажеме дека дијалогот носи решенија. Не може да имаме едно решение кое ги решава сите проблеми, затоа секое ресорно министерство преговара со социјалните партнери се’ додека не дојдат до вистинското решение, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Анализа 24“.

Само за јасно информирање на граѓаните, од 2018 до 2021 година има покачување во повеќе сектори, како:

– Основно образование +5% во 2018, +5% во 2019 и +10% во 2020 година
– Инспекторатите во 2020 и 2021 година добија две покачувања од +10%
– Шумска полиција + 30%
– АНБ и Агенција за разузнавање +20-25%
– Катастар +5% – 30% за геодетите и информатичарите
– Казнено поправните домови +25% – 30%
– Униформираниот состав во АРМ +10%
– Вработени во културни установи им се зголемија платите од 2.000 до 9.000 денари
– А кај вработените во градинките и центрите за социјална работа овој пораст беше во распон од 2.000 до 5.000 денари
– Инспекторатите во 2020 и 2021 година имаат по 10% зголемување на платите
– Медицински персонал во 2019 добија покачување од +10% и во 2020 година покачување од +5 – 25%

Пред 2017 година, 11 години по ред беше ветувано покачување на платите од +5% па +5% па 10%, никогаш не се оствари.
Оваа Влада во 2018 година ги покачи платите за сите вработени во јавниот сектор за 5%.

Слични содржини