Препораките за штедење се за да не се направи евентуално хаварија во системот од поголемата потрошувачка на електрична енергија. Не дека станува збор за тоа дека имаме или немаме можност за производство дома, туку станува збор за струја која и да сакаме да ја увеземе нема да ја имаме наредниот период , вели во „Жешко политичко лето“, Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања и потпретседател на СДСМ.
Тој потенцира дека сите свесно треба да знаеме дека влегуваме во енергетска криза и треба одговорно да се однесуваме.
-Ако имаш одреден ресурс кој во одреден момент го немаш или е во толкави количини колку што го имаш треба да се прилагодиме.Подесувањето на грејните тела на помала или повисока температура не е рестрикција, само лагодноста во овој момент би ја изгубиле, но ќе треба да се навикнеме, појасни Битиќи.