Никогаш не сме кажале дека нема синергија меѓу различните личности во Владата, во ситуацијава меѓу СДСМ и ДУИ. Сметам како никогаш досега тоа функционирало добро и мислам дека луѓето кои што се одбрани за да ги водат ресорните министерства навистина се зафатени да испорачаат одредени резултати, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во однос новиот кадри во Владата, во емисијата „Утрински брифинг“.
Според него, „треба да признаеме дека сме различни од 2016 година“.
-Во сите демократски процеси сме далеку подобри отколку во 2016 и тоа е неоспорен факт. Слободата на говор на изразување, медиумски слободи, транспарентност. Некои работи кои беа табу за дискутирање. Една од ретките сме што имаме отворен трезор, за да се види каде се трошат парите на граѓаните. Оваа влада се залага на структурни промени, потенцира Битиќи.
Вицепремиерот додава дека денес се зборува за безбедност и економија, ред и дисциплина, затоа што слободата и отчетноста веќе ја има.
-Зборуваме за ургентни работи кои се приоритет во следниот период, информира Битиќи.