Битиќи: Продолжува креирањето на политики со кои ќе се поттикнува бизнисот

од Берта Китинска
253 прегледи

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски ја посетија фабриката Гентерм, која работи во ТИРЗ Алинци.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека станува збор за технолошки напредна компанија, со до моментов реализирани инвестиции од над 36 милиони евра и со речиси 2200 вработени, со кој се позиционираат во еден од најголемите индивидуални работодавачи во регионот, а нивните реализирани активности досега, покажуваат дека навистина имаат сериозни намери за водење на бизнис во нашата земја и дека бизнис климата тука е навистина на високо ниво.

„Владата на Република Северна Македонија, како никогаш до сега, води грижа за постоечките инвеститори, работи на привлекување на нови инвестиции од странски компании, но и стимулирање на вложувања од страна на домашните компании, се во интерес на побрз и одржлив економски раст, но и подобар живот на граѓаните. Кога станува збор за мерките за поддршка, би сакал да потсетам дека лани обезбедивме рекордна директна поддршка во висина од околу 65 милиони евра, на компаниите кои се во производството и инвестираат во модернизација, технолошки развој, дигитализација и развој на човечкиот потенцијал. Од тие средства 25,6 милиони евра беа одвоени за странски компаниите кои работат во ТИР зоните, или надовор од нив, помеѓу кои е и Гентерм. Со ова покажуваме дека имаме исклучелна посветеност кон преземените обврски од Владата во однос на исплатата на финансиски средства кон компаниите. Би сакал да ги пофалам Гентерм која е една од компаниите и која далеку пред предвидениот рок во договорот успеа да ги реализира предвидените обврски од своја страна во однос на инвестициски циклус и достигнување на бројот на вработени, а од наша страна на некој начин беа наградени со предвремена исплата на субвенции за реализацијата на договорните обврски”, нагласи Битиќи.

Слични содржини