Битиќи: Протоколите важат до 15 мај, до тогаш нема свадби

од Берта Китинска
395 прегледи

Актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај и  ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за здравство, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како што работат и сите други угостителски објекти, а тоа е да работат на отворени тераси и според протоколите. Вчера зборувавме за евентуално дополнително прилагодување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители, рече Битиќи.

Слични содржини