Битиќи: Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената на струјата

од Берта Китинска
128 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената, кажа денеска вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

– За зголемување на цената на струјата би требало да оставиме на Регулаторната комисија за енергетика. Ние како Влада работиме, слушаме и ги следиме состојбите и ќе препорачаме да нема зголемување на цената на електричната енергија, но не можеме да одлучиме. Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената. Но, ќе работиме на подобрување на состојбите во енергетиката, на вложувањето во обновливи извори на енергија, во живеење зелено. Секако, живеењето зелено значи дека еден ден ќе мора да платиме повеќе, но јас како граѓанин сум подготвен да платам повеќе кога се работи за здравјето на мојот син, изјави Битиќи.

Слични содржини