Битиќи: Секој ден, секој час се преговара со Бугарија

од Берта Китинска

Како што веројатно малку беа оптимисти дека ќе се избориме за играње во Европско првенство, момците покажаа дека сплотени тоа го можат, еве уште еден апел дека сплотени и во предизвик со Бугарија ќе го поминеме, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи „Click Plus“ .

-Затоа треба да оставиме шанса на преговорите што се одвиваат, секој еден ден, секој час, секоја минута за да се дојде до решение. Верувајте малку повеќе секој еден граѓанин, секоја една политичка партија дека тие којшто ја претставуваат во овој момент државата нема да се изборат за нешто што не е достоинствено за државата – вели Битиќи.

Слични содржини